| Електронска трговија |
|
|
|
| Напишано од Маја Марковска | ||||||
| Сабота, 24 Октомври 2009 13:20 | ||||||
|
Значењето на електронската трговија се менувало во текот на изминатите 30 години. Во почетокот под електронска трговија се подразбирало електронско олеснување на комерцијалните трансакции, користејки технологија како EDI и EFT. Електронската трговија вклучува комуникација и купопродажба помеѓу клиенти, бизниси и посредници. Електронската трговија наједноставно може да се дефинира како купување и продавање преку интернет. Е-бизнисот е поширока дефиниција од електронската трговија, која опфаќа не само купувања или продавања на добри услуги, туку истотака и услужување на купувачите, соработка со бизнис партнерите и др. Електронската трговија има три форми зависно од степенот на дигиталност, продуктот, процесот и добавувачкиот застапник. сите три форми можат да бидат физички или дигитални. Зависно од тоа имаме чиста, односно делумна електронска трговија. Чиста електронска трговија имаме кога целиот бизнис се одвива преку интернет. Што значи дека компанијата нема никаква инволвираност во физичкиот свет. Чистите интернет бизниси можат да остваруваат високи приходи како резултат на релативно ниските фиксни трошоци и скоро непостоечките варијабилни трошоци. Делумна електронска трговија среќаваме кога една компанија главниот дел од својот бизнис го одвива во физичкиот свет, а сепак извршува одредени on-line активности. Во однос на природата на трансакциите или интеракциите ја имаме следната класификација на електронската трговија:
Скелетот на електронската трговија го сочинуваат:
Електронскта трговија носи низа на предност и за купувачите и за продавачите. На купувачите електронската трговија им овозможува: поголем избор при купувањето, можност за купување од која било локација 24 часа на ден, можост за купување на поевтини прозиводи како резултат на можноста за пребарување, можност за добивање на детални податоци за производите што сакаат да ги купат, можност купувачите да комуницираат помеѓу себе и да разменуваат идеи. Електронската трговија истотака и на продавачите им носи низа на поволности: можност за продажба на домашниот и надворешниот пазар, можност за набавка на суровини и матерјали брзо и ефтино, можност за намалување на дистрибутивните трошоци, пониски трошоци за креирање на дигитализирани производи и др. Електронскиот бизнис упатува на пошироко дефинирање на електронската трговија и вклучува не само купување и продавање на добра и услуги туку и опслужување на клиентите, соработка со бизнис партнерите, електронско учење и вршење на електронски процеси и трансакции во рамките на самата компанија.
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |


