Економските импликации на електронската трговија врз организациите PDF Печати Е-пошта
Напишано од Тања Трајанова   
Сабота, 05 Декември 2009 17:05

Бројна е полезноста од електронската трговија за малите и средните претпријатија:

1. Во прв ред, станува збор за многу ефикасен начин производите и услугите на малите бизниси да дојдат до голем број потенцијални потрошувачи во земјата и надвор од неа и на тој начин, за кратко време, значително да се зголемат продажбите и доходите на бизнисите кои успешно ја практикуваат е-трговијата.


• Зголемувањето на продажбите на бизнисите надвор од сопствената земја де факто се сведува на интернационализација на бизнисот, но на многу поедноставен и поевтин начин. Имено, традиционалните начини на освојување на странски пазари се многу скапи. Кај класичниот извоз на стоки во странство добар дел од трошоците се поврзани со транспортот, но и со царинските процедури. Во случајот на пенетрирање на странските пазари преку лиценца, франшиза и сл, високи се т.н. трансакциони трошоци - преговарање, склучување договори и надзор, мониторинг на обврските од договорот. Странските директни инвестиции, пак се многу ефикасен, но и најскап начин на освојување на странски пазари. Во оваа смисла, интернетот значително ги намалува трошоците за водење бизнис.

• Интернетот им овозможува на малите и средни претпријатија (и во развиените земји и во земјите во развој) да дојдат до значајни и вредни информации за дизајнот на производите, за процесните технологии (операции, одржување, обновување на опремата и развој на нови технологии), извори на финансиски средства и сл.

• Користењето на електронската трговија ( на пример на Веб страниците) , овозможува многу покомплексно информирање и едуцирање на потрошувачите. Типичен пример е рекламирањето на патувањата, турите, од страна на туристичките агенции преку Веб страниците, кои, за разлика од рекламирањето преку весници, на пример, овозможуваат далеку побројни, посликовити и често детални информации за патувањето, квалитетот на сместувањето, временските услови, знаменитостите итн.

2. Електронската трговија ги брише ограничувањата врзани за работното време и фактички е способна да ја држи фирмата “отворена” 24 часа на ден. На овој начин, на потрошувачите им се овозможува контакт со фирмата во секое време на денот.

3. Фирмите кои ја користат е-трговијата, поради претходно споменатите предности, имаат извонредно брзи стапки на пораст – испитувањата во САД покажале дека фирмите кои тргуваат преку Интернет растат 46 % побрзо од останатите фирми.

Во оваа смисла , експертите на ОЕЦД со право нагласуваат дека:

“ Напредокот на електронската трговија базирана на Интернет, на организациите им отвора големи можности за проширување на базата на купувачи, за влегување на пазарите на нови производи и за рационализирање на нивните бизниси. Помалите фирми можат да ја користат е-трговијата за да ги доближат производите и услугите до потрошувачите, за менаџирање на процесот на понуда и на залихите и за скратување на времето помеѓу порачките и испораките. “.

Затоа, современите влади настојуваат преку дерегулација и либерализација на секторот на телекомуникациите да ја смалат цената на интернет услугите, да ги елиминираат пречките за поголемо користење на интернетот од страна на претпријатијата, посебно на малите и средни претпријатија и, на тој начин да ја подобрат инвестиционата клима т.е. да креираат поволни услови за ширење и развој на бизнисите.

 

 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
+/-
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
:D:):(:0:shock::confused:8):lol::x:P:oops::cry:
:evil::twisted::roll::wink::!::?::idea::arrow:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."