|
Електронски каталози и други пазарни механизми |
|
|
|
|
Напишано од Моника Петрова
|
|
Недела, 06 Декември 2009 20:13 |
|
Електронските каталози се состојат од база на податоци на производот , директориуми и пребарувачки можности, како и презентациската функција. Тие се срцето на поголем дел од продажните сајтови на електронската трговија . За трговците, целта на електронските каталози е да се рекламираат и промовираат производите и сервисите , во електронска форма.
Електронските каталози можат да се класифицираат според три димензии:
1. Динамична за презентација на информации.Каталозите можат да бидат статички и динамични. Во динамичните, информациите се презентирани преку филмови или анимации, како и дополнителен звук. 2. Степен на потрошувачка. Каталозите можат да бидат стандарни и потрошувачки. Во стандарните каталози, трговците го нудат истиот каталог на сите потрошувачи. Во потрошувачките каталози, содржината , цените и изложеноста на производите е направена според карактеристиките на одредени потрошувачи. 3. Интегрирање во бизнис процеси.Каталозите можат да бидат класифицирани според степеност на интегрираност со дадени бизнис или карактеристики: системи за електронско плаќање, сметководствени системи, инт.
ПОТРОШУВАЧКИ КАТАЛОЗИ
Потрошувачки каталог е каталог специјално изработен за една компанија, обично за потрошувачот на сопственикот на каталогот. Овој вид на каталог може да биде подготвен за лојални индувудуални купувачи или за дел од купувачи, на пример чести купувачи. Постојат два пристапа за креирање на овој вид на каталози.
Првиот пристап е да им се дозволи на потрошувачите да ги препознаат своите интереси од каталогот, како што е направено со софтверки производи како што е Quick Silver од Broadvision. Тогаш потрошувачите не мораат да се врзуваат за производи за кои не се заинтересирани.Ваквиот софтвер дозволува создавање на каталози со брендирани можности, кои им олеснуваат на потрошувачите да ги пронајдат производите за кои се заинтересирани, сакаат да ги купат, да ги лоцираат и да ги добијат потребните информации и бргу да ја направат порачката за истите.
Во вториот пристап е да се дозволи системот автоматски да ги препознава потрошувачките карактеристики, базирани на трансакциските податоци.
ПРЕБАРУВАЧКИ МАШИНИ
Пребарувачка машина е компјутерски програм кој може да пристапи до базите на податоци на интернет изворите, да бара специфични информации или клучни зборови како и извештаи и резултати.
ЕЛЕКТРОНСКИ ШОПИНГ КАРТИЧКИ
Електронската шопинг картичка е технологија за обработка на порачки која им овозможува на потрошувачите да акумулираат со производите кои сакаат да ги купат додека пазаруваат.
|