Комерцијализација на Web страниците PDF Печати Е-пошта
Напишано од Емилија Костиќ   
Недела, 06 Декември 2009 20:33

Поради овозможувањето на имплементација на различни протокли, созавање на интеракција на различни компјутерски и оперативни системи, како способноста да функционираат во мултимедијална средина, Web страниците наоѓаат своја примена во повеќе сфери на човечката култура и општество. Така, истите се имплементираат и во деловните/комерцијалните активности на компаниите. Притоа се разликуваат три фази на комерцијална/деловна употреба на Web страниците:

  • Објавување на информации (information publishing)
  • Системи базирани на трансакции (transaktion-based systems)
  • Персонализација (mass customization/personalization)

При првата фаза компаниите најчесто се решаваат да креираат информативни Web страници. Овој начин на промовирање на компаниите  претставува активност којашто се карактеризира со низок ризик, а генерира помали трошоци. Web страниците се многу важно маркетинг комуникациско средство, но покрај тоа тие се и значајно средство за интеракција со потрошувачите. Затоа не е доволно само да се објавуваат цели содржини текст на Интернет и да се очекува дека истите ќе го задржат вниманието на потрошувачите, потребно е тие текстови да бидат придружени со интересни промотивни пораки исполнети со графика, слики, аудио или видео фајлови со цел да го побудат интересот на нивните посетители за производите и услугите на компаниите, што на крајот би резултирало со купување на одредени производи/услуги. Освен тоа, потребно е да им се даде можност на потрошувачите да испраќаат повратни реакции до компаниите во врска со производите/услугите што ги сретнале на нивните Web страници, да дадат позитивни или негативни коментари при нивната употреба и сл.

Втората комерцијална фаза на Web страниците упатува на тоа дека покрај тоа што тие можат да се употребуват за објавување на информации и комуникација, Web страниците можат да се користат и за купување/продажба на производи и услуги. Компаниите имплементираат специјални компјутерски online системи со којшто се овозможува извршувањето на купопродажни трансакции помеѓу компаниите и потрошувачите на Интернет, односно преку Web страниците. Во рамките на овие процеси, Web страниците се поврзуваат со backend компјутери (системи со коишто корисниците не стапуваат во интеракција на директна основа) коишто служат за одобрување и обработка на трансакциите, како и за управување на количествата на производи кои што им се нудат на купувачите.

Третата фаза, персонализацијата, се однесува на создавањето системи кои што имаат опција за праќање на персонализирани промотивни пораки на индивидуални целни потрошувачи. Постојат две форми на персонализација на промотивните пораки: автоматска и мануелна. При авоматската, системите автоматски ги креираат пораките врз основа на веќе прибраните информации за потрошувачите и нивните минати купувачки навики. Освен тоа, ваквите системи одлучуваат и какви содржини им се прикажуваат на корисниците на Web страниците. Од друга страна, мануелната персонализација вклучува претходно дадени инструкции од страна на самите корисници во врска со оние аспекти/содржини/пораки коишто тие преферираат да им се прикажуваат на Web страниците. При двата вида на персинализација, карактеристично е тоа што системите на Web страниците користат  идентификување на корисниците според нивните лични имиња/прекари.

Коментари
Додади ново Пребарај
+/-
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
:D:):(:0:shock::confused:8):lol::x:P:oops::cry:
:evil::twisted::roll::wink::!::?::idea::arrow:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."