| Бизнис план како дел од 10 чекори за започнување на електронски бизнис |
|
|
|
| Напишано од Радмила Ѓорѓевска | ||||||
| Недела, 06 Декември 2009 20:58 | ||||||
|
Бизнис планот е еден од десетте чекори за започнување на електронски бизнис, кои ги предлага Грег Холден. Бизнис план претставува документ во писмена форма којшто ги содржи сите релевантни внатрешни и надворешни фактори кои влијаат на работењето на фирмата, општата деловна стратегија, како и нејзините поединечни елементи, неопходни за започнување со работа на нов бизнис, или пак за идното работење на постоен бизнис. Бизнис планот е потребен и за самиот претприемач, за да си ги среди сметките, да се обиде да ја согледа состојбата и да оцени колку навистина неговата идеја е остварлива и профитабилна. Меѓутоа, бизнис планот исто така е првиот неопходен документ што потенцијалните инвеститори ќе го побараат од претприемачот.Целта на бизнис планот е да го убеди инвеститорот во спроведливоста на идејата што се нуди со него, но и во способноста на претпиемачот неа да ја реализира. Бизнис планот е почетниот водич за оценување на успешноста на проектот и за оценување на неговата профитабилност. Токму поради тоа бизнис планот се состои од неколку подпланови:
Маркетинг план Во маркетинг планот треба да се опише производот или услугата со сите негови карактеристики (големина, боја, форма, вредност, употреба, типични карактеристики и др). Тука исто така треба да се утврди продажната цена, промоцијата и трошоците за маркетинг.
План на производство Во планот на производство треба да се даде детален опис на објектот кој го поседува претпријатието или ќе го изнајми за вршење на својата дејност. За да се утврди вредноста на трошоците треба да се направи опис на производствениот процес, односно да се опишат неговите фази. Исто така треба да се утврди точната големина на потребните суровини и материјали за една година. И на крај, во овој план треба да се наведат кои финални производи ќе се добијат.
Организација и менаџмент Бидејќи целта на секој бизнис е профит потребно е да се утврди профитабилноста на бизнис идејата и минималното ниво на производство без загуба. За реализирање на целта мора да се направи соодветна организациона структура, што ќе овозможи поефикасно менаџирање во претпријатието. Тоа се постигнува со правење на организациона шема или органограм. Во овој план исто така треба да се наведе и точниот број на вработени и нивните квалификации.
Финансиска анализа Во финансиската анализа се планира вкупниот потребен капитал од една страна, а од друга страна изворите на финансиските средства. Помеѓу вкупниот капитал и изворите на финансики средства треба да постои равенство. Во финансиската анализа всушност се прави биланс на состојба.
SWOT рамковна анализа SWOT рамковната анализа претставува алатка за вреднување на влијанието на внатрешните и надворешните фактори врз бизнис идејата. Јаките и слабите страни се однесуваат на внатрешното опкружување, и се под контрола на претприемачот. Можностите и заканите се однесуваат на надворешното опкружување, и се вон контрола на претприемачот.
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |


