Гледања на содржината : 138372
| Предности на електронските продавници во однос на традиционалните и колку чини креирање на една е-продавница |
|
|
|
| Напишано од Емилија Митовска | ||||||
| Понеделник, 07 Декември 2009 12:27 | ||||||
|
Електронската трговија нуди огромни предности за бизнисите. Големината на еден бизнис на Интернет не е важна. И големите и малите претпријатија го имаат истиот пристап до клиентите и може да креираат слично присуство на Интернет.
Покрај тоа, и локацијата на седиштето на компанијата нема никакво значење. Каде и да е лоцирана компанијата, клиентите имаат пристап до нејзиниот веб-сајт. Е-продавницата не само што овозможува поширока база на клиенти, туку исто така ги надминува ограничувањата на работното време, бидејќи производите и услугите можат да се продаваат нон-стоп во текот на 24 часа. Поконкретно, предностите на бизнисите кои се впуштаат во активности преку Интернет се: · Широко географско покривање - Бизнисот има пристап до клиенти насекаде, без да мора да отвора локални ограноци; · Минимизација на трговскиот синџир - Продавачите може да го контактираат клиентот директно(непосредно) и без посредници; · Намалени оперативни трошоци - Оперативните трошоци се намалени благодарение на фактот дека бизнисот може да ги услужнува клиентите при минимални трошоци. Исто така, како што расте бројот на клиентите на е-продавницата, трошоците за да ги услужите се намалуваат; · Работа 24 часа - Интерентот е веројатно единствениот канал за услужнување на клиентите кој им овозможува на клиентите да купуваат во текот на 24 часа дневно; · Алатка за маркетинг - Бизнисот може да го користи потенцијалот кој го овозможува Интернетот во смисла на понуди, менаџирање и информирање на клиентите, статистички податоци за бројот на посетителите и продажбите. Електронската продавница Ве донесува поблиску до клиентите, бидејќи тие имаат директен пристап до информациите кои вие ги обезбедувате. Исто така, ја имате и можноста да го анализирате пазарот, потпирајќи се на купувачките навики на клиентите. Главните предности меѓу другите би можеле да ги класифицираме и како: · Зголемување на продажбата на производите и услугите; · Непосредно задоволување на потребите на клиентот на поефикасен начин; · Непосредно обезбедување на информации до клиентите за новите производи со цел истите подобро да се запознаат со производите; · Подобрување на контактот со клиентите; · Оптимален менаџмент со производите и нарачките. Цената за креирање и водење на е-продавница е многу повисока од креирањето само на едноставен веб-сајт. Цената зависи од начинот на кој се отвора е-продавницата, како и од услугите кои ги нуди. Најефтиното решение е електронската продавница да се хостира кај некој електронски комерцијален центар. Цената на хостирањето на електронската продавница кај некој комерцијален центар може да почнува од € 10 месечно. Цената за отворање на електронска продавница зависи од различни фактори, како што се бројот на производи кои ги нуди и начините на плаќање кои ги применува.
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |


