Виртуелни организации PDF Печати Е-пошта
Напишано од Верица Јованова   
Вторник, 08 Декември 2009 11:05

За да бидат на високо конкурентно ниво, модерните организации се карактеризираат со побрзо, подобро и поефикасно функционирање. Поради тоа, ресурсите дистрибуирани низ земјата и светот се организираат на ефикасен начин.



Во сите сектори од економијата е очигледен преминот на традиционалните бизниси кон бизниси со целосно онлајн присуство. Денес бизнисите можат да функционираат и без канцеларија бидејќи за разлика од порано, кога писмата, факсот и телефонот биле неопходни за комуникација и пренос на информации, тие сега се недоволни, така што компјутерите и комуникациските системи овозможуваат поврзување на луѓето од различни простори за заедничко работење и комуницирање. Така, вработените можат да своите активности да ги извршуваат преку телефон, факс, е-пошта и преку неограничените можности на Интернетот. Сето ова има силно влијание за појава на т.н. виртуелна канцеларија.

Многу од компаниите мора да работат преку границите на временските зони и низ културите. Управувањето од далечина претставува предизвик.

Денес, деловните луѓе своите канцеларии ги носат насекаде со нив. За разлика од порано кога како составни делови на имиџот на деловните личности беа костимот и актовката, сега тоа е лаптопот. Физичките канцеларии стануваат минато, а виртуелните канцеларии стануваат секојдневност како дел од преносните компјутери. Па, така и канцеларијата е насекаде со нас – на терен, на ручек, на пат.

Секоја организација треба да се осигури дека нејзините потреби со компјутерските и комуникациските ресурси се задоволени, односно тие се совпаѓаат со моменталните потреби на организацијата, но исто така можат брзо да се прилагодат на идните потреби – enterprise network.

Enterprise network (мрежа на претпријатие) е организациски ресурс кој го подржува процесирањето и трансферот на информациите низ целата организација. Таа треба на клиентите, независно од нивната географска положба да ги задоволи нивните потреби и да ги понуди своите услуги. Мрежата треба да овозможува задоволителни нивоа на ефикасност, сигурност и достапност, а тоа значи лесен и сигурен пристап до информации, без оглед на тоа каде се наоѓаат.

Предностите на виртуелните организации ги надминуваат недостатоците: широк круг на работници – ангажирање на најдобриот без оглед на тоа каде живее, а со тоа се овозможува голема флексибилност, 24 часовна работна покриеност, поголема ефикасност (работењето од дома е попродуктивно), подобри перформанси, намалена потреба за недвижен имот (намалени трошоци за отварање на канцеларии во далечните места и можност за сместување на повеќе работници), голем број на вработени. Работењето од дома има позитивно влијание и врз животната средина – луѓето помалку патуваат, па имаме помало загадување на воздухот и заштеда на нафта.

За успешно да функционира една виртуелана организација потребно е да се утврди работното време односно времето кога целиот тим е на располагање за телефонски повици, состаноци и сл. Исто така треба да се одреди почетокот на работниот ден, како и да се користат индикатори за присуството - ,,достапни“, „на состанок“ или „работи на крајниот рок“. Постојаното проверување на е-mail-от е мошне значајно.

Причините поради кои организациите стануваат виртуелни се:

- Глобализацијата (растечки тренд за глобални клиенти)

- Рапидно променливите потреби

- Специјализираните производи и услуги

- Способност за брзо набавени ресурси

- Креирање на совршени заедници

Во една виртуелна организација комуникацијата на сите работни места се врши преку компјутер. За да видете какви активности се случуваат во организацијата можете електронски да одете од едно кон друго работно место. Идејата за „виртуелна организација“ се гледа како организациона форма способна за решавање на проблемот за управување со трансформациите во социјални, економски и технолошки услови во кои што работат организациите. Виртуелните организации се потпираат на кооперативни односи меѓу луѓето низ временските и географските граници, а со тоа ги отстрануваат бариерите вереме и место.

 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
+/-
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
:D:):(:0:shock::confused:8):lol::x:P:oops::cry:
:evil::twisted::roll::wink::!::?::idea::arrow:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."