| За порталот |
|
Порталот е-Бизнис Проекти (e-biznisi.net) претставува едукативна алатка за сите студенти, средношколци, интернет корисници, претприемачи, бизнисмени и други лица кои се заинтересирани да го изучуваат електронскиот бизнис и неговата примена.
- е-Бизнис статии. Во оваа рубрика ќе бидат објавувани статии за електронскиот бизнис поделени по категории и главно ќе имаат информативен и едукативен карактер. Сите корисници на сајтот ќе може да објавуваат свои статии од областа на е-Бизнисот а кои ќе бидат корисни и за останатите посетители. - е-Бизнис проекти. Во рамките на предметот е-Бизнис на Економскиот факултет во Штип студентите изработуваат конкретни проекти и истите ќе бидат презентирани во оваа рубрика. Освен студентите, во изработка на проекти може да се вклучат и други заинтересирани лица. За таа цел на порталот ќе бидат објавени инструкции за тоа како чекор по чекор да се креира едноставен е бизнис.
- Македонски е-Бизниси. Рубрика во која македонските компании и претприемачи во форма на вест ќе го презентираат своето е-бизнис работење. Тука на пример, ќе се презентираат нови онлајн продавници, можности за електронско плаќање, лансирање на нов дигитален производ, имплементирање на конкретен е-Бизнис систем, успех на македонска компанија во странство и слично. Освен самите компании во оваа рубрика информации ќе може да објавуваат и другите корисници.
|