Електронското претпријатие во WIRELESS мрежата:М-претпријатие(commerce) PDF Печати Е-пошта
Напишано од Љубица Николова   
Вторник, 08 Декември 2009 12:24


Широката распространетост на WIRELESS и мобилните мрежи создава нови возбудливи можности.Овие нови технологии го прават можно мобилното компјутерство. Тие дозволуваат многу брз пристап до информации, апликации и алатки кои до неодамна беа достапни само преку десктоп на компјутер. М-претпријатие се однесува на водењето електронски бизнис преку WIRLESS мрежи или преку преносливи уреди. Ова понекогаш се нарекува М-бизнис,што во најширока смисла значи е-бизнис во WIRLESS околина;Околу светот пријатијата ги имплементираат мобилните компјутерски технологии со огромна брзина. Добивките од продуктивноста кои произлегуваат од ваквото работење постојано растат,додека цените на технологијата паѓаат. Оваа истата технологија применета во мобилната мрежа го револуционизира начинот на кој луѓето работат.



Организациите ги применуваат мобилните компјутерски технологии заради повеќе прочини:

-ја подобрува продуктивноста на работниците;

-WIRELESS телеком подршката за мобилните мрежи брзо расте;

-се повеке апликации можат да бидат водени истовремено online i offline;

-цените на notebook  компјутерите и smart телефоните  продолжуваат да паѓаат како што нивните способности растат.

Иако ваквиот тип на претпријатија ги прави сите видови на работи попродуктивни,една од најголемите области со можнисти за подобрување лежи во полето на личните услуги.

Од 1999година М-претпријатието стана едно од најпознатите топици  во информационите техногогии воопшто,посебно во областа на електронското претпријатие. Мобилните мрежи значајно го менуваат начинот на кој луѓето склучуваат партнерства комуницираат и соработуваат. Мобилните апликации ке го сменат начинот на којшто ние живееме,се забавуваме и вршиме бизнис. Голем дел од интернет културата,која моментално е базирана врз персонални компјутери може да се промени и нејзина база да станат мобилните уреди. Како резултат на ова мобилните претпријатија создаваат нови бизнис  модеми за електронското претпријатие наречени локациски-базирани апликации. Локациско-базирано  претпријатие е апликација на М-претпријатие насочена кон потрошувачот  чии желби,потреби  и локација(на пр.користејки GRS  се познати во секој момент. Со помош на овие информации понудувачот може да прати една sms порака на потрошувачот,како на пример: "Вие сте блиски до нашиот италијански ресторант,ве молиме влезете и ке добиете 10% попуст.“  Иако моментално се појавуваат многу тешкотии во пошироката примена на М-претпријатие, јасно е дека многу од овие потешкотии ке бидат намалени или елиминирани во индината. Многу компании веке ги трансформираат нивните стратегии во мобилниот свет. Многу големи корпорации кои заземаат огромен дел од  пазарот: микрософт, IBM, интел, Сони, GOOGLE.. ги трансформираат нивните бизниси вклучувајки производи и услуги карактеристични  за мобилните претпријатија.

NOKIA се рангира како компанија од светска класа не само затоа што продава повеќе мобилни телефони од кој било друг,туку и затоа што стана најголемиот играч во мобилната економија.  Слично на ова, големи телекомуникациски компании развиваат стратегии за WIRELESS производи и услуги.

 

 

 

 

 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
+/-
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
:D:):(:0:shock::confused:8):lol::x:P:oops::cry:
:evil::twisted::roll::wink::!::?::idea::arrow:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."