Влијанието на електронската трговија во индустријата за патување PDF Печати Е-пошта
Напишано од Љубица Николова   
Вторник, 08 Декември 2009 13:39

Во средината на 1990тите луѓето го предвидоа исчезнувањето на агентите за патување,тврдејќи дека сите агенции за патување ке бидат заменети од онлајн агенциите на Интернет. Други сугерираа дека единствено активностите кои додаваат вредност на агенциите за патување, а кои не  можат да бидат автоматизирани ке бидат изведувани од организациите за патување кои им служат на посебно таргетирани пазари и потрошувачи. Online агенциите за патување кои ќе нудат многу производи, услуги и забава кои ќе влезат во индустријата а исто како и иновативни индивидуалци кои ќе оперираат како агенти за патување и ќе нудат некои услуги во нивните домови. Списанието ''економисти'' во 2004год. ја анализираше индустријата за патување и предвиде дека повеќето аранжмани за патување ќе бидат online трансформирани во наредната декада.

Интернетот има големо влијание врз улогата на агентите за патување што придонело во просек да изчезнат 33% од агентите. Ова се случило поради тоа што потрошувачите се повеќе и повеќе го користат интернетот за да закажат патување. Исто така врз ова индиректно влијаело тоа што потрошувачите биле охрабрувани да закажуваат летови и хотелски соби online, повторно прескокнувајќи ги агентите за патување. Како и да е други мислат дека овие агенти ќе станат консултани во иднина чија предност ќе доаѓа од нивното искуство, големо знаење од областа на индустријата и нивниот независен совет. Во овој случај, двете и физичко и виртуелно присуство се сметаат за потребни и инвестирањето во ваквиот модел се смета дека е најпотребно за успех на овој конкурентски пазар.

Истовремено како што интернетот придонесе да се намали бројот на агентите за патување, тој доведе до зголемување на посредниците. Денес е  можно да најдеме голем број online продавачи и страни, многу од нив нудат споредби на цени и рангирање на други вредности за потрошувачите. Многу големи услужни компании обезбедуваат одлични услуги преку нивните веб страни и овозможуваат пребарување преку нивните сопствени дата-бази и мрежи, нудејќи привлечни аранжмани и пакети за потрошувачите.

Електронската трговија ќе игра уште поголема улога во индустријата за патување во иднината. Една област која сигурно ќе се развие во иднина е таа на потрошувачките мотори или патокази за патување. Со помош на овие мотори, потрошувачите  можат да пребаруваат повеќе веб-страни за патување истовремено, што им овозможува полесен пристап до информации, побрза споредба на цени и прецизна локација на аранжманите кои најдобро одговараат на нивните барања. Покрај вообичаеното пребарување на летови сместувања и изнајмувања на автомобили, може да се пребаруваат и настани и активности, а исто така постои и форум за потрошувачите каде што тие можат да постават прашања и да побраат совети. Ова го прави закажувањето патување и одмори многу поедноставно од колку кога ке користат повеќе агенции за патување од еднаш.

Друга област која допрва ќе се развива а многу ветува е употребата на софтвер(интелигентни)
агенти. Овие агенти ја вршат работата на човечките агенти вршејќи организациони процеси како планирање, донесување одлуки и давање совети за патување. Секој агент е способен да се однесува автоматски кооперативно, да комуницира за колективно да ја оствари поставената цел. Овој систем ја зголемува организационата продуктивност на тој начин што човечките агенти се послободни да работат на попредизвикувачки и покреативни агенти.

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
+/-
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
:D:):(:0:shock::confused:8):lol::x:P:oops::cry:
:evil::twisted::roll::wink::!::?::idea::arrow:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
ivana  - ne mi se dopaga   |2010-06-19 16:39:52
kolku da se napise nesto...lugevo si zamisluvaat deka se amerikanci...

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."