Гледања на содржината : 138381
| Типични е-бизнис модели |
|
|
|
| Напишано од Ружица Георгиева | ||||||
| Вторник, 08 Декември 2009 13:41 | ||||||
|
Постојат многу видови бизнис модели на електронската трговија. Некои од нив се:
* Онлајн продавница * Модел”кажи своја цена” * Аукциски модел * Електронски пазар и размена * Групни набавки и др. 1. Онлајн продавница Онлајн продавницата овозможува купување и продавање на производи и услуги онлајн и е основен модел во електронската трговија. Продажбата може да биде помеѓу производителот и купувачот, елиминирајќи ги посредниците и физичките продавници, или пак помеѓу трговците на мало и купувачите, правејќи ја дистрибуцијата поефикасна. Овој модел е особено ефикасен за дигитализираните производи и услуги. Онлајн продавницата најчесто се употребува во Б2С сегментот(каде што е познат како е-tailing) а поретко во Б2Б сегментот. 2. Модел “кажи своја цена” Моделот “кажи своја цена ” им овозможува на купувачите тие самите да ја кажат цената што се спремни да ја платат за некој специфичен производ или услуга. Пример за ваков модел е Priceline.com. Овој модел е познат и како demand-collection модел. 3. Аукциски модел Кај овој модел веб страната претставува врска помеѓу купувачот и продавачот, а во улога на купувач или продавач може да се јави било кој интернет корисник.Пример за ваков модел е eBay.com, кој всушност е и најголемиот и најпознатиот аукциски сајт. Во аукциите, онлајн купувачите даваат понуди за предметите или услугите кои се продаваат при што тој што ќе понуди највисока цена ке го добие тој производ или услуга по таа цена. Аукциските сајтови заработуваат од провизијата што ја наплаќаат од секоја аукција или преку огласувањето на производите за кои се лицитира. 4. Електронски пазар и размена Електронските пазари биле изолирано со децении, но од 1996 година стотици електронски пазари имаат воведено нови ефикасности во процесот на тргување.Доколку електронските пазари се добро организирани и управувани, тие може да обезбедат значителна корист и за купувачите и за продавачите. Посебно значајни се вертикалните пазари кои се концентрирани на една индустрија. (Пример: Chemconnect.com за хемиската индустрија) 5. Групни набавки Во офлајн светот на трговијата, попустите се вообичаени и поголеми кога станува збор за купување на поголеми количини.Интернетот им овозможува на купувачите да се групираат и да нарачат поголеми количини од производот што го сакаат со што ќе си обезбедат и подобри услови за набавка.Кај овој модел веб страна има голема улога затоа што со нејзина помош се пронаоѓаат поединците кои сакаат да набават исти производи.
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |


