|
Промовирање на е-бизнисот меѓу младите |
|
|
|
|
Напишано од Симона Смајиќ
|
|
Вторник, 08 Декември 2009 17:22 |
|
Динамичниот развој на комуникациските и информациските технологии доведува до постоење на широк спектар на информации за можностите да се заработи преку Интернет. Економските и социјалните услови кои влијаат на младите луѓе, влијаат и на нивната желба и можност да заработат преку Интернет промовирајќи ги своите идеи, кои можат да се применат во проекти дури и за некои локални активности од кои можат да профитираат но и да бидат од голема корист за сите.
Голем број на Интернет страници нудат определен надомест за добивање на одредени информации, како на пример, промени во поглед на концептот, изгледот и функционалноста на веб странат ( www.ebiznis.com.mk ), додавање на содржини со одредена тема ( www.wikipedia.org.mk ) или пак доколку се има сопствен веб сајт или блог www.whost.mk нуди можност за заработка на одреден процент на сите свои соработници, она кое што е многу интересно да се проба е дека со ALERTPAY.com што има поддршка и за Македонија. За да се регистрира на оваа страница потребно е да се оди на BUX.TO каде што се регистрира со мејл и username и истиот мејл се регистрира на ALERTPAY.com и само еднаш дневно по 10тина минути да се кликнува на линковите месечно се заработува добар процент, друг сајт преку кој може да се заработува е www.earn.sosblog.com каде што заработката се остварува на тој начин што најпрвин треба да се регистрираме на сајтот и само со кликнување на други сајтови се остварува одреден процент .
Промовирањето на е-бизнисот меѓу младите всушност им овозможува пренесувајќи го своето знаење да заработат и на тој начин да бидат мотивирани да се надоградуваат и постепено да се усовршуваат.
Интернетот нудејќи неограничен пристап и неограничен број на информации во било кое време и од било каде им овозможува на најмладите преку најразлични форуми да ги реализираат своите бизнис идеи кои што доколку се добро прифатени можат да прераснат и во вистински бизниси кои носат милионски заработувачки.
|