Ниво на електронскиот бизнис PDF Печати Е-пошта
Напишано од Санела Спасевска   
Среда, 09 Декември 2009 16:33

Ниво на електронскиот бизнис значи начинот на кој се применуваат информациските и комуникациските технологии во подршката на сите активности на претпријатието.
Разликуваме 4 основни нивоа на електронскиот бизнис а тоа се екстерна комуникација, интерна комуникација, е-комерц, е-бизнис.


Екстерна комуникација - кај екстерната комуникација карактеристично е тоа што информациските и телекомуникациските технологии се користат за екстерна комуникација. Тоа значи дека се вотпоставуваат контакти со клиентите по е-пошта и веб присуство. Екстерната комуникација е првата фаза на премин од класично кон дигитално претпријатие. Има големо значење бидејки се овозможува побрз развој а клиентите многу полесно и побрзо се информираат за сите активности на претпријатието.


Интерна комуникација -кај интерната комуникација карактеристично е тоа што се користат информациски и телекомуникациски технологии за интерна комуникација. Најчесто се применува интранет (внатрешна компјутерска мрежа). Со интерната комуникација се подобрува комуникацијата внатре во претпријатието, но не само тоа туку и комуникацијата со клиентите и добавувачите. Добрата интерна комуникација го подобрува и разбојотна самото претпријатие а со тоа го зголемува и профитот.


Е-комерц -кај е комерцот продажбата се одвива онлајн. Всушност овде постои комбинација помег традиционалниот начин на продажба и електронскиот начин на продажба. Нјголемо внимание се посветува на дигитализацијата и автоматизацијата напроцесите на комуникација со клиентите.


Е-бизнис - во оваа фаза потребно е редизајнирање на деловните прцеси и имплементација на современиреченија во сите аспекти на работењето, со цел да се автоматизираат што поголем број од бизнис процесите.

Сите нивоа на електронскиот бизнис се од големо значење. Кога претпријатието ке ги имплементира и примнува е-бизнис решенијата би требало да значи дека успешно го поминало процесот на трансформација од традиционално во дигитално претпријатие.

 

Коментари
Додади ново Пребарај
+/-
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
:D:):(:0:shock::confused:8):lol::x:P:oops::cry:
:evil::twisted::roll::wink::!::?::idea::arrow:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."