| Карактеристики на Е- бизнис планот |
|
|
|
| Напишано од Светлана Арсова | ||||||
| Среда, 09 Декември 2009 18:28 | ||||||
|
Планот претставува одреден определен тек на акција за одреден временски период, кој претставува проектиран одговор на антиципираната околина со намера да се остварат конкретни цели. За изработка на планот се користат многубројни и разновидни методолошки основи. Посебно внимание заслужува предвидувањето што ги антиципира идните услови на работење. Освен тоа, планот содржи и временски хоризонт во кој ке се реализира. Планот претставува средство за акција и начин за остварување на задачата. Планот содржи елементи на кадровска идентификација, кадри што се одговорни за негова реализација. Поради тоа планот се разработува по носители , кадри за да насочува и мобилизира. Планот има елементи и на организациона идентификација. Со него се дефинираат организационите единици одговорни за негова реализација. Поради тоа, планот се разработува по носители, кадри за да насочува и мобилизира. Планот има елементи и на организациона идентификација. Со него се дефинираат организационите единици одговорни за остварување на планот. Со планот се детерминира организационото ниво, одделени функции,сектор или претпријатие на кое му е доделено непосредна задача за извршување.
Една од основните карактеристики на планот е неговата приспособливост. Ефикасното планирање бара од плановите да бидат приспособливи, а да не се доведе во прашање остварувањето на целите конкретизирање во него. Планот може да се менува за да се приспособи кон потребите во околината кои не можат да бидат предвидени со висок процент на точности. Конкретноста е битна карактеристика на планот. За разлика од деловната политика која содржи општи начела, насоки и критериуми, со плановите се конкретизира акцијата според динамиката, носителите, организационите единици и сл. Конкретизирањето на задачите внесува јавност во нивното извршување. Сеопфатноста, како карактеристика на планот, означува опфакање на сите активности на ниво на организациони единици, функции, сектори или напретпријатието во целина, со кои се придонесува во остварувањето на целите. Степенот на сеопфатност на планот е во функција на нивото на организацијата каде што тој се формулира. План кој се однесува на ниво на претпријатие е по сеопфатен од план кој се однесува на една функција или сектор. Временската димензија во која треба да бидат извршени задачите претставува негова посебна карактеристика. Времето има повеќекратно значење: потребно време за изработка на планот, потребно време за почеток на функционирање на планот, поребно време за извршување на планот и временски хоризонт во иднината за антиципирање на факторите на работење, како основа за планирање. Фреквенцијата во изработката на планот, исто така, е една од карактеристиките на планот. Под фреквенција се подразбира колкупати се подготвува определен план. Некои планови се подготвуваат континуирано, додека пак, други се изработуваат еднаш или неколку пати во текот на животниот век на претпријатието. Планот на продажба, планот за производство, планот за набавка, планот за кадри и др. планови, спаѓаат во категоријата планови чија изработка се повторува. Меѓутоа, планот за интеграција со други претпријатија, планот за инвестиции ( изградба на нови погони, фабрики и сл. ) спаѓаат во категоријата планови чија изработка не се повторува често. Значењето на планот е неговата друга карактеристика. Планот на претпријатието што ги интегрира сите активности има поголемо значење од поединечните планови на функциите за маркетинг, набавка, кадри, инвестиции, производство, финансии кои имаат помало значење. Компексноста на планот зависи од компонентите што се земени во предвид при неговата изработка. Покомплексен е планот за инвестиции, планот за истражување и развој, планот за производство, одколку планот за тековнво и инвестиционо одржување на средствата за работа или планот за набавка на индиректни материјали. Класификација на плановите. Постојат два вида планови. Тие се еднократни и трајни. Еднократните планови се изработуваат за остварување на цели за кои постои веројатност дека нема да бидат повторени во иднина. Трајните планови се континуирани планови што се користат за да обезбедат насочување при извршувањето повторливи задачи во претпријатието. Според значењето плановите можат да се класифицираат на план на претпријатието и планови на одделните деловни функции. Според фрекфенцијата некои планови во претпријатието се донесуваат на секои пет или десето години, а други, пак, на секои петнаесет или триесет дена, или пак, еднаш во годината. Проектниот план ја насочува акцијата за остварување на задачата, што не се повторува во животниот век на претпријатието се разликува според времетраењето, финансиите и анганжирањето на др. средства. Според временскиот хоризонт плановите се класифицираат на долгорочни, среднорочни, и краткорочни.
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |


