|
Изградбата и функционирањето на електронски бизнис подразбира дизајнирање, креирање и/или интегрирање на составни компоненти (елементи) врз основа на кои се заснова работењето и без кои бизнисот не би можел да ја оствари целта за која е основан.Како основни елементи на секој електронски бизнис ги сметаме: понудата (содржина), веб страната, и промоцијата. Овие елементи, помалку или повеќе изразени се среќаваат кај скоро секој електронски бизнис. Другите елементи кои што се појавуваат кај електронските бизниси може да ги групираме како: елементи за исполнување на нарачки, комуникациски системи и системи за соработка, и организациски апликации.
Понуда
Под понуда, во еден поширок контекст, ги подразбираме содржините кои се нудат на клиентите, т.е.: производи, услуги и информации.
Веб страна
Веб страната е виртуелниот простор каде што потенцијалните клиенти се сретнуваат/ доаѓаат во допир со понудата презентирана од страна на е-бизнисот.Веб страната го претставува фронталниот дел на електронскиот бизнис, т.е. делот од бизнисот кој што е видлив за клиентите и од севкупниот нејзин квалитет (содржина, дизајн и функционалноста) во голема мерка ќе зависи успешноста на бизнисот. Веб страните кои се обемни по содржина кои често се менуваат и надополнуваат имаат потреба од Систем за менаџмент на содржини - или CMS Content Management System. CMS претставува компјутерска апликација која овозможува да се креираат, уредуваат и објавуваат веб
содржини на конзистентен и организиран начин од страна на еден или повеќе корисници. Системот како таков не е вислив за посетителите на веб страната но по пат на регистрација, одобрување и логирање овозможува и тие да бидат влучени во дополнувањето или уредување на содржините.
Промоција
Еден од клучните елементи на секој електронски бизнис, ако не и пресуден, претставува промоцијата. Имено, и да продаваме најдобри производи по најдобри цени на одлично изработена веб страна доколку немаме посетители на веб страната не можеме да оствариме приходи нити пак добивка. Од друга страна, доколку поседуваме знаење и
вештина да привлечеме посетители на веб страната истите релативно лесно можеме да ги материјализираме со прилагодување на понудата како и дизајнот и функционалноста на веб страната.
Исполнување на нарачки
Како што беше и претходно навадено бизнисите кои вршат продажба на одредени производи услуги или информации преку интернет потребно е да ги интегрираат и системите за исполнување на нарачки ,односно потребно е да ја примат нарачката, да извршат наплата и на крајот да го испорачаат производодт до купувачот.
-систем на наплата
-систем на испорака
Комуникациски системи и системи за соработка
Со оглед на тоа што електронскиот бизнис подразбира електронска комуникација, соработка помеѓу компанијата нејзините делови, добавувачите и клиентите, неминовна е употребата на системи кои ги поддржуваат овие активности.
- е-пошта
- веб конференции
- (CMS) Content management system
Организациски Е-бизнис апликации
Под организациски е-бизнис апликации ги подразбираме сите оние софтверски системи кои ги помагаат, забрзуваат и автоматизираат процесите поврзани со производството, опслужување на клиентите како и интерните менаџмент процеси во компанијата. Токму примената на овие апликации ја издигнува електронската трговија на ниво на целосен електронски бизнис.
- Систем за менаџмент на документи
- Систем за менаџмент за човечки ресурси
- Менаџирање на релациите со клиенти
- Целосно планирање на ресурсите
|