Значењето на е-бизнисот за земјите во развој PDF Печати Е-пошта
Напишано од Драгана Додевска   
Среда, 09 Декември 2009 21:27

Во целосната глобализација на економијата, е-бизнисот и е-трговија ќе станат едни од неопходните компоненти во креирањето на бизнис стратегијата на самите компании но исто така претставуваат и силен катализатор во самиот економски развој. За електронскиот бизнис (е-бизнис) може да се каже дека претставува моќна алатка за економскиот раст на земјите кои се во развој. Додека во Македонија потенцијалите на е-бизнис се сеуште недоволно искористени. Со интеграција на информациската и комуникациската технологија ( ИКТ ) во бизнисот може да се каже дека ги издигна на повисоко ниво релациите и тоа како внатре во организацијата, така и помеѓу различните организации но и релациите со клиентите. Употребата на ИКТ во бизнисот ќе допридонесе зголемување на продуктивноста, потоа ќе поттикнува се поголемо учество на клиентите и ќе ги намали трошоците на работењето.



Можностите што ги нуди Интернетот, комбинирани со соодветна стратегија им даваат шанса и на малите и средни претпријатија да можат да се натпреваруваат со големите но и моќни финансиски бизниси. Е-трговија им овозможува подобар бизнис и на малите и средни претпријатија но исто така и одржлив економски раст на овие земји.  Додека пак големите компании мораат да воведат дигитализација на бизнис процесите се со цел да можат да опстанат на глобалниот пазар, додека пак малите и средни претпријатија се оние кои што треба да ги прифатат новите трендови. Битно е да се напомене дека постојат најмалку пет начини преку кој Интернетот и Е-трговија им помагаат на претпријатијата во земјите во развој а со тоа и на вкупната економија. Петте начини кои им помагаат на претпријатијата во земјите кои се во развој се следниве:

* Им овозможува пристап на малите претпријатија на светскиот пазар;
* Им овозможува влез на фирмите во глобалните синџири на набавка;
* Им помага на услужните претпријатија да можат ефикасно да функционираат и да можат да обезбедат услуги на глобалните клиенти;
* Им овозможува маркетинг на земјоделските производи во земјите кои се во развој,
* Им помага ви промоцијата и развојот на туризмот на земјите кои се во развој на глобално ниво.

Битно е да се каже  дека е-бизнис, посебно во земјите кои се во развој, расте и тоа со големи годишни стапки. За компаниите во земјите кои се во развој, важно е дека учествуваат во е-трговија и тоа и како купувачи но и како продавачи, но тоа е само дел од нивните потенцијали.

 

Коментари
Додади ново Пребарај
+/-
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
:D:):(:0:shock::confused:8):lol::x:P:oops::cry:
:evil::twisted::roll::wink::!::?::idea::arrow:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."