Интернет Мркетинг
е-Маркетинг PDF Печати Е-пошта
Напишано од Гого Рафајловски   
Петок, 22 Јануари 2010 16:39

Во ерата во која што квалитетот и брзината на протокот на информации е клучна во опстојувањето на индивидуите и бизнисите, маркетингот ја доживува својата преродба. Преродба во која ни се овозможува промоција на она што го знаеме, умееме, можеме и нудиме на што поголем аудиториум, користејќи што е можно поефективни начини. А, зошто всушност, е-Маркетингот станува се покористена алатка на компаниите? Едноставно: ЗАТОА ШТО ТАМУ СЕ КЛИЕНТИТЕ!!!

· Е- Маркетинг?! Зошто на мојот бизнис му е потребен е-Маркетинг?

Дали некогаш сте се запрашале што најчесто прават клиентите или потенцијалните клиенти на Вашиот бизнис? Каде и како најчесто го поминуваат своето слободно време? Оние кои што имаат помлада (во години) целна група сигурно ќе речат: на интернет! И повеќето од раководителите на останатите бизниси сигурно ќе потврдат дека и нивните компании користат некаква форма на електронско присуство на светската интернет мрежа, од проста и едноставна причина – нивните клиенти и соработници го налагаат тоа! А сигурно овој тренд нема да запре во блиска иднина...

Денес, кога квадратурата на излогот и канцелариите не се мерило за успешноста на одредена компанија туку нејзините интернет активнсти, кога вработените можат со еден потег на интернет да го промовираат Вашиот бизнис со едноставен „клик“, и кога Вашиот „деловен простор“ е видлив за целиот свет, ќе Ве запрашаме: дали навистина сакате да бидете анонимни во светот на уникатноста?!

Ако одговорот е не, тогаш запрашајте се што се можете да направите Вие, за Вашиот бизнис да биде помеѓу оние компании, кои што Вашите клиенти ги преферираат и почитуваат.

Следните 7 активности на е-Маркетингот можат значително да го подобрат работењето на Вашата компанија:

# 1 – Креирајте веб-страна за Вашиот бизнис

На веб-страната гледајте како на долгорочна инвестиција, а не како на трошок. Се додека истата Ви носи потенцијални клиенти – таа е Вашата најдобра долгорочна инвестиција! Запрашајте се што сакаат Вашите клиенти да дознаат за Вашата компанија и нејзиното работење од прва рака, и поставете ги тие информации на истата. Нека веб-страната биде информативна, едноставна и лесно читлива информација за основните параметри на компанијата и нејзините производи и услуги.

Не заборавајте да ставите контакт информаци, место за прашања или предлози, анкети... ако на клиентите им дадете можност да бидат инволвирани во бизнисот – тие ќе се чувствуваат поодговорно кон Вашата компанија!

 

# 2Активирајте се преку е-пошта (е-маил)

Електронската пошта е сигурно помеѓу најевтините начини на е-маркетингот во денешно време, но воедно, и еден од наомразените методи од страна на клиентите! Затоа, бидете внимателни кога, кому и колку често ги користите можностите на е-поштата.

Сепак, љубезно напишаното писмо до Вашите партнери и клиенти, брзото и навремено одговарање на прашања на конзументите на вашите продукти, повременото промовиирање на нови производи, услуги и е-каталози, во комбинација со предходно добро креирана дата-база може на вашиот бизнис да му ја донесе онаа компаративна предност што ја посакувате.

 

# 3 – Промовирајте и рекламирајте се преку социјалните мрежи

Со помош на интернетот, социјалните мрежи како Facebook или Tweeter имаат огромна моќ на интерперсонално рекламирање и промоција. Овозможувањето на споделување на инстант информации и активности на Вашиот бизнис со останатите „блиски“ соработници, пријатели и клиенти Ви ја дава предноста не само во информирањето, туку и во добивањето брзи и квалитетни повратни информации кои можат многу да помогнат во креирањето и воопшто функционирањето на вашите тековни и идни бизнис активности.

Предност е и тоа што цената на чинење е минимална, дури и занемарлива, а и не е потребен некој поголем напор за континуирано ажурирање на активностите.

 

# 4 – Бидете присутни на веб-просторот

Присутноста на веб-просторот подразбира одредено рекламирање (платено или неплатено) на други веб-локации, портали и системи за пребарување освен Вашиот сопствен веб-простор. Ова најчесто ги вклучува „банерите“ и „линковите“ до вашата веб-страна, од други веб-проетори.

Обидете се да бидете што е можно повеќе присутни во одредени сегменти на веб-просторот каде што Вашите клиенти посетуваат повеќе време, било да се тоа забавни портали, информативни секции, групи од одреден интерес, или пак веб-простор со сродни и компатибилни содржини.

Споделувањето на фотографии, видеа, аудио или пишани документи (во зависност од природата на Вашиот бизнис, се разбира) е лесно изводливо, а може да се пакаже како многу корсно во одредени случаи.

 

# 5 – Поддржувајте „блогирање“

Поддржувајте „блогирање“ на теми кои се релевантни за Вашиот бизнис и Вашата компанија. Доколку не сакате да се занимавате со пишување, најдете лица или „блог заедници“ што се занимаваат со тоа и најдете форма за да ги поддржите. Иако, можеби релевантноста на ваквиот тип на информации не е најверодостојна, сепак знае да биде корисна за повеќето намерници што можеби би се заинтересирале за продуктите што ги нудите.

Во секој случај, можете и да се обидете, на Вашата веб-страна да оставите простор за отворени дискусии поврзани со она што го нудите.

 

# 6 – Оптимиација на системите за пребарување

Оптимизацијата на системите за пребарување подразбира застапеност на Вашата компанија помеѓу релевантните информации кои Вашите (потенцијални) клиенти ги пребаруваат преку разните системи за пребарување. Тоа можат да бидат општи системи како: Google, Bing, Yahoo или пак регионални и локални системи кои пребаруваат содржини од специфичен регионален или локален карактер, како на пр. ЕxploringMacedonia, e-Oglasi, или MakExpo.

Зголемувајќи ги соддржините на интернет просторот, потенцијалните корисници секојдневно бараат релевантни и довреливи извори на информации кои што ќе им послужат во одбирањето на адекватен избор на производи и услуги или бизнис-партнтери кои ќе успеат да ги задоволат нивните се поприбирливи потреби. Скапо или евтино, овој вид застапеност на сиситемите за пребарување секако дека во иднина ќе има се позначајна улога во е-Маркетингот.

 

# 7 – е-Купони, е-Попусти и е-Заштеди

Иако овие активности не се сосема електронски, сепак се значително препорачливи со оглед на тоа што имаат доста позитивни ефекти кај клиентите и го постигнуваат саканиот ефект на зголемување на продажбата на краток рок.

Воведувањето на елактронски систем на плаќање сега, во Македонија и не е така „невозможна мисија“. Доколку сте во можност, воведете посебен систем на on-line продажба која би вклучувала одредени попусти, купони и заштеди во разни комбинации кои би биле подобни за Вашата компанија.

Впрочем, е-Купоните, е-Попустите и е-Заштедите и не мора да бидат стриктно поврзани со on-line купувањето, едноставно може да ги искомбинирате со пакет производите/услугите што ги нудите, преку Вашата веб-страна, е-поштата, сезонските најави, или пак во комбинација со останатите маркетинг активности.

Овие 7 е-Маркетинг активности воопшто не се подредени по значење или пак релевнатност за сите типови на бизниси. Нивниот избор, комбинирање или пак воспоставување на сосема нови се од особено значење за секоја компанија поодделно, во зависност од спецификите на секој бизнис поодделно, во зависност од неговото непосредно покружување.

 
Дефинирање на дигиталниот маркетинг PDF Печати Е-пошта
Напишано од Кристина Алексоска   
Понеделник, 11 Јануари 2010 19:13

 

Дигиталниот маркетинг е уште еден сличен термин во интернет маркетингот.

Институтот за Директен Маркетинг (ИДМ) е иститут кој се занмава со проучување на неговата специјалност на професионалната квалификација. За да ни го објасни пристапот за тоа како се користи дигиталниот маркетинг ИДМ разви детално објаснување за истиот.

Дигиталниот маркетинг опфаќа: примена на технологија во облик на онлајн канали од типот на: интернет, е-маил, база на податоци и мобилна/безжична и дигитална ТВ. За постигнување на овие цели потребна е поддршка на активностите на маркетингот со цел да се постигне поголем профит за задржување на клиентите, во повеќеканален процес на купување. Покрај користењето на овие тактики на маркетингот, уважувајќи го стратешкото значење во развојот на дигиталната технологија и планирањето на пристапот до корисниците и преносот на онлајн сервисите, по пат на е-комуникација се применува и традиционалната комуникација. Задржувањето на оние кои користат интернет маркетинг се постигнува на тој начин што им се подобрува начинот на информирање на купувачите за одреден производ или стока со што се испраќаат разни видови на пораки на нивните профили, со што ја погаѓаат целта кон која се стремат потрошувачите и кои одговараат на нивните индивидуални потреби.

Ајде сега да го разгледаме секој дел поединечно од овој опис кој го дадовме.

Во првиот дел илустриравме дијапазон на пристапи и средства на комуникација кои формираат онлајн канали со кои е-маркетингот ги користи за изградба и развој на односите со клиентите. Пристапите или хардверските платформи опфааат PC, PDA, мобилни телефони и интерактивна дигитална ТВ и со овие содржини им се овозможи испорака покрај различните онлајн комуникациски алатки, како што се веб-сајтовите, порталите и пребарувачките блогови, е-поштата, инстант пораките и текст пораките. Некои исто така ги вклучуват и традиционалните говорни телефонии како дел од дигиталниот маркетинг. На пример онлајн банка користи многу од овие технологии со цел полесно да комуницира со своите клиенти, нормално по желба на потрошувачите, некои сакаат да користат интернет, други бежична или интерактивна телевизија,, трети пак традиционалните канали.

Svennving во 2007 година сумира раст од користењето на оваа технологија.

 

Другиот дел од описот покажува дека би требало да биде технологија со која ќе се добијат нови клиенти и би ги одржала старите како постоечки клиенти. Исто така нагласува како дигиталниот маркетинг не ги изолира другите технологии, но најефикасен е кога е самостоен а не кога е интегриран со останатите комуникациски канали, како што се телефоните, директната пошта или лице-в лице интеграцијата.

Завршниот дел од описот сумира пристап кој е ориентиран на е-маркетингот. Тоа покажува колку има испланирано да постигне успех , на пристапот преку интернет на веќе постоечките канали и мрежи кои се остварени од корисниците на овој маркетинг, избирајќи го миксот на е-маркетинг и традиционалната комуникација. Задржувањето на корисниците на мрежата треба да биде заснована преку истражување на карактеристиките на клиентите, однесувањето, вредностите и кои ги чува верни на тој веб сајт, а потоа испраќањето на прилагодливи пораки, релевантни на веб и е-маил комуникацијата.

 
Интернет маркетинг PDF Печати Е-пошта
Напишано од Кристина   
Понеделник, 11 Јануари 2010 19:12

Во последно време се појавуваат многу дефиниции од научници кои го дефинирале поимот интернет маркетинг. Некои од различните дефиниции помагаат да се објасни обемот на новата форма на маркетинг.

Што е интернет маркетинг?

Апликација на интернет поврзана со дигиталната технологија во традиционалната комуникација за да се постигнат целите на маркетингот.

Интернет маркетингот може да биде едноставно дефиниран како: остварување на маркетинг целите преку примена на дигиталните технологии. Оваа дефиниција ни помага да сфатиме дека треба да се утврдат инвестициите во интернет маркетингот, а не да се усвои технологијата. Овие апликации вклучуваат дигитална технологија, интернет медиуми, како што се веб-сајтови и е-маил, и други дигитални медиуми како што се безжични и мобилни телефони, телевизијата, како кабелската така и дигиталната. Апликацијата на интернет е поврзана со дигиталната технологија во традиционалната комуникација за да се постигнат целите на маркетингот.

Терминот “Интернет маркетинг„ се однесува на тоа како интернетот може да се користи во комбинација со традиционалните медиуми за да се стекне давање услуги на клиентите. Електронскиот маркетинг има широк опсег на давање услуги, бидејќи се однесува на давање дигитални услуги преку дигитални медиуми како што се е-маил, и електронските Customer Relationship Management системи (д-CRM системи), бежичните медиуми, во кои се вклучени и управувањето на дигиталните податоци.

“Маркетингот е модел од менаџирањето, одговорен за идентификување, антиципарање и задоволување на клиентите и нивната побарувачка„.

Оваа дефиниција фокусот го става на купувачот, додека пак во исто време имплицира потреба да се поврзе и со другите делови на менаџментот како би се постигнал поголем профит.

Интернет маркетингот може да се користи:

- да се истражува и да се дознае мислењето на клиентите

- служи како додатен канал на информации за купувачите со кои можат да пристапат во било кој дел што нив ги интересира.

Успехот на интернет маркетингот се огледа во задоволството на купувачите, кое може да се следи преку електронски канали, со поставување на прашања преку сајтовите, кои се многу едноставни за употреба. Исто така сајтовите претставуваат врска помеѓу луѓето и физичката испорака на производот, со што купувачот го гледа и порачува преку интернет, а подоцна и наплаќа преку електронско плаќање.

Поширока дефиниција на маркетингот е равиена од трана на DIBB, Simkin, Pride, Ferrell: “Маркетингот се состои од индивидуални и организациски активности, со цел да го олесни и забрза размената на задоволувачки односи во динамичното окружување преку остварувањето на дистрибуцијата, промоција на стока, услуга и идејa”.

Оваа дефиниција е корисна затоа што привлекува различни маркетиншки активности, неопходна е се постигне “размена на односи„, односно развој на производот, одредување на цената, промоцијата и дистрибуцијата. Ние ќе го разгледаме начинот на кој интернетот влијае на овие елементи.

 
10 најголеми грешки во интернет маркетингот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Наташа Затараковска   
Четврток, 10 Декември 2009 22:51

 

За да функционира како што треба интернет маркетингот, треба да биде правилно направен. Тој е многу моќен, но треба да внимаваме да не правиме грешки. Еве неколку грешки кои се случуваат најчесто, а треба да ги избегнуваме:

Повеќе...
 
Facebook VS Twitter PDF Печати Е-пошта
Напишано од Ивана Мицева   
Четврток, 10 Декември 2009 13:36

Со оглед на тоа што Facebook постои две години повеќе од Twitter нормално дека мнозинството прв пат се запознале со социјалната мрежа Twitter, а дури сега повеќето од нив се заинтересирале за Twitter. Неофицијалните предвидувања на педантните американски статистичари велат дека до крајот на оваа година ќе бидат отворени близу 18 милиони акаунти на овој сервис.

Повеќе...
 
План на маркетинг PDF Печати Е-пошта
Напишано од Светлана Арсова   
Среда, 09 Декември 2009 17:17

 

Содржина на планот на маркетинг. Маркетингот претставува нова филозофија на работењето која потрошувачите ги става во средиштето на вниманието и активностите на целокупното работење на претпријатието, кои треба да бидат насочени кон него. Претпријатието го гледа маркетингот како начин на создавање потрошувачи, а не производство на однапред определен производ или услуга.

Повеќе...
 
Причини за кликање на реклмите на веб страните PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Ананиев   
Среда, 09 Декември 2009 16:42

Денес постојат голем број на е-бизниси чија што понуда се базира на креирање на веб страни на која се приложуваат содржини занимливи за посетителите. Содржните се од најразлични области се со цел да се привлечат поголем број на посетители. Доколку една веб страна има голема посетеност таа и би била интересна за компаниите кои имаат интерес за објавување на реклами за своите производи или услуги. Приходите на веб страната би биле поголеми доколку бројот на кликања на рекламите е поголем. Овие е-бизниси треба да ги осознаат кои се причините што посетителите на веб страната кликаат на објавените реклами. Во оваа статија ќе приложам неколку причини за кликањето на рекламите.

Повеќе...
 
Понуда на производи, наплата и достава PDF Печати Е-пошта
Напишано од Катерина Николова   
Среда, 09 Декември 2009 15:39

Маркетингот е клучен процес за водење бизнис насочен кон потрошувачот. Компаниите маркетинг присуството го обезбедуваат најчесто преку објавување интернет страница со деталите за нивната дејност.Таа исто така вклучува опис на главните активности на компанијата,нејзината локација како и детали за контакт. На овој начин потенцијалните потрошувачи можат да го користат web сајтот за да ја контактираат компанијата преку интеракција со e-mail системот.

Повеќе...
 
Интерактивен маркетинг PDF Печати Е-пошта
Напишано од Сања Николовска   
Вторник, 08 Декември 2009 19:43

Преку интерактивните онлајн компјутерски системи, интерактивниот маркетинг овозможува поврзување на компаниите и потрошувачите по електронски пат. Притоа, се разликуваат два типа канали на интерактивниот маркетинг: комерцијалните online сервиси и Интернетот. Комерцијалните онлајн сервиси/компании нудат електронски информации и маркетинг услуги на потрошувачите, пришто овие последните плаќаат месечна претплата за нивното користење.

Повеќе...
 
Директен маркетинг од аспект на маркетинг комуникациите PDF Печати Е-пошта
Напишано од Сања Николовска   
Вторник, 08 Декември 2009 19:41

Кога станува збор за директиниот маркетинг, треба да се има во предвид фактот дека тој претставува многу повеќе од праќање директна пошта и каталози на потрошувачите преку кои што се промовираат производите и услугите на компаниите. Тој се состои од промовирање базирано на директни реакции од страна на потрошувачите, при што се креираат бази на податоци во врска со потрошувачите.

Повеќе...
 
Интернет маркетингот - уникатен квалитет на медиумот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Живанка Витанова   
Понеделник, 07 Декември 2009 23:12

Интернет маркетингот, исто така се нарекува и-маркетинг, интернет маркетинг, интернет маркетинг, или eMarketing, е маркетинг на производи и услуги преку Интернет.

Интернетот ги донесе медиумите за глобална публика. Интерактивната природа на Интернет маркетинг, во смисла на обезбедување на инстант одговор и eliciting одговори, е уникатен квалитет на медиумот. Интернет маркетингот понекогаш се смета дека има поширок опсег бидејќи тоа не се однесува само на Интернет, е-пошта, и безжични медиуми, туку тоа значи и управување со дигитални податоци, клиент и електронски Customer Relationship Management (ECRM) системи.

Повеќе...
 
Банери (Banners) како метод за интернет рекламирање на електронскиот бизнис PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александра Петковска   
Понеделник, 07 Декември 2009 20:45

Како и секој друг бизнис и електонскиот бизнис има потреба од рекламирање и промовирање со цел да се презентира самиот бизнис пред корисниците на интернет и потрошувачите.
За да остварат одреден профит и добивка пред се е-бизниси треба да ја презентират својата понуда, а тоа ќе го постигнат преку интернет рекламирање. Преку поставување на реклами на самата веб страна, а исто така и дозволувајќи им на и на други веб страни да ги презентираат нивните производи преку поставување на реклами на нивниот сајт, тие остваруваат еден вид на рекламирање. Овие начини се само од неколкуте кои постојат и се користат од широката палета на интернет маркетинг.

Повеќе...
 
Промоција PDF Печати Е-пошта
Напишано од Сања Анѓеловска   
Сабота, 28 Ноември 2009 22:23

Промоцијата како еден од основните инструменти на маркетингот се дефинира во теоријата на маркетингот. Тоа произлегува веројатно од широката лепеза на облиците на промоција кои опфаќаат, од една страна, информирање и убедување на потрошувачите, а од друга, и вкупниот систем и процес на комуницирање меѓу производителите и потрошувачите чија цел е, пред се, да се создаде поволно мислење за производите ( услугите ) за да се прифатат тие од потрошувачите.

Повеќе...
 
Бизнис картички PDF Печати Е-пошта
Напишано од Билјана Панова   
Недела, 25 Октомври 2009 16:10

Бизнис картичките се одличен начин за споделување на податоци за вас и вашата фирма во случај кога сакате да оформите мрежа на контакти со потенцијални клиенти,вработени,работодавци,бизниси чии  услуги сакате да ги користите.Меѓутоа употребата само на печатени бизнис картички може да биде ризична.

Вие, а и луѓето на кои им ја давате својата бизнис картичка,можете да ги загубите,можете да заборавите каде сте ги ставиле или пак да останете без ниедна бизнис картичка во моментот кога сте сретнале некое значајно за вашиот бизнис контакт лице.

Повеќе...
 
« ПочетокПред12СледноКрај »

Лист 1 од 2