Оптимизација (SEO)
Дали домеинот да ги содржи клучните зборови за пребарување? PDF Печати Е-пошта
Напишано од Македонка Трајкова   
Среда, 17 Февруари 2010 13:38

Постојат два едноставни одговора. Првиот е доколку почнувате нов бизнис и сеуште немате регистрирано домеин име, тогаш подобро би било да регистрирате име кое што ќе ги содржи клучните зборови за пребарување. Би ви препорачала клучните зборови да бидат одделени со цртичка. Зошто оваа е подобро? Кога луѓето сакаат да се поврзат со вас и вашата веб страна, или бараат информации од вашата област која што ја работите можат вашиот домеин да го стават како основен текст за пребарување. Ако тие зборови ги имате во домеинот тогаш вие ја имате предноста и ќе бидете мегу првите резултати од пребарувачот.

Повеќе...
 
Интерни елементи на оптимизација PDF Печати Е-пошта
Напишано од Марија Спасевска   
Понеделник, 07 Декември 2009 20:50

Интерни елементи на оптимизација се:

1. структурата на веб страната
2. главните атрибути
3. содржината
4. внатрешни линкови

Повеќе...
 
Линкови на лесен начин.
Напишано од М-р Златко Бежовски   

Обезбедувањето на квалитетни влезни линкови е една од потешките задачи во Интернет маркетингот. Под квалитетен влезен линк подразбираме линк кој носи посетители и/или линк кој има вредност за Интернет пребарувачите. Без  да навлегуваме во квалитетот на следните можности за линкување ќе наведеме некои полесни места за обезбедување на влезни линкови кон вашата веб страна.

 

Повеќе...
 
До посетители преку пребарувачите PDF Печати Е-пошта
Напишано од М-р Златко Бежовски   
Понеделник, 03 Ноември 2008 23:28

Интернет пребарувачите претставуваат најзначаен извор на нови посетители за on-line бизнисите. Според некои истражувања околу 50% од новите посетители на веб страните потекнуваат токму од пребарувачите. Само во САД во текот на еден месец има помеѓу 7 и 8 милијарди пребарувања. Пребарувач со најголемо учество во пребарувањата е Google со преку 50%. Следуваат Yahoo околу 20%, MSN со 12% и AOL 6% со тоа што АОЛ го користи пребарувачкиот систем на Google. Останатите пребарувачи имаат незначително поединечно учество во вкупните пребарувања.

Повеќе...
 
Изградба на мрежа од влезни линкови PDF Печати Е-пошта
Напишано од М-р Златко Бежовски   
Понеделник, 03 Ноември 2008 23:25
Откако ќе купите домен и откако ќе ја поставите online првата страница од вашиот WEB време е да започнете со изградба на мрежа од влезни линкови. Влезни линкови се оние линкови кои што од други WEB страници водат кон вашата. Меѓусебното линкување постои откако постојат и првите WEB страни. Основната функција на линковите е преку нив посетителите да се движат низ Интернет мрежата. Со тоа WEB страните кои ќе обезбедат влезни линкови преку нив ќе добиваат и посетители. Од денешен аспект многу е тешко да се обезбедат квалитетни влезни линкови кои ќе носат и посетители.

Друга значајна улога на линковите произлегува од нивното вреднување од страна на Интернет пребарувачите. Имено колку повеќе и колку поквалитетни влезни линкови има една WEB страна толку поголемо значење и даваат пребарувачите со што добиваат и повеќе посетители бидејќи се повисоко рангирани во резултатите од пребарувањето. Ваквата улога на влезните линкови игра поголема улога бидејќи поголем број на посетители доаѓа преку пребарувачите отколку преку самите влезни линкови поставени на други WEB страни.
Повеќе...