е-Бизнис Системи
Информационата технологија и животниот циклус на производот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Оливер Гаврилов   
Среда, 09 Декември 2009 19:41

Кога информационата технолигија е напредна, опстанокот на организацијата бара менаџерите брзо да ја усвојат и променат. Една причина за ова е начинот на кој информационата технологија влијае врз должината на животниот циклус на производот, кој претставува начин на кој барањето за производот во текот на времето се менува на предвидлив начин. Животниот циклус на производот се состои од четери фази и тоа: ембрионална, растеж, зрелост и опаѓање. Во ембрионалната фаза, производот треба да оствари широка распространета прифатливост, потрошувачите не се сигурни каков е производот, како што е новиот мобилен телефон и побарувачката за него е минималана.

Повеќе...
 
Web Services PDF Печати Е-пошта
Напишано од Драгица Витанова   
Вторник, 08 Декември 2009 18:38

Ако во било кој момент посакате на својот сајт да користите некое софтверско решение кое ви овозможува на пример да извршите продажба на производ на некоја странска фирма преку вашиот сајт, потребно е да креирате софтвер кој ќе ви го овозможи тоа. За било која квалитетна Web презентација со многу добри сервиси потребно е да изградите софтвер кој тоа го овозможува. Софтверските решенија кои во овој момент овозможуваат вакви сервиси се наречени: оContent Menagement, CRM, e-Business, e-Intelligence, и други решенија. Во зависност од тоа клку изнесуваат вашите средства, односно колку средства имате вложено можете да имате помалку или повеќе имплементирани софтверски решенија.

Повеќе...
 
Apex content menagment system PDF Печати Е-пошта
Напишано од Љубица Василева   
Вторник, 08 Декември 2009 17:00

Врвниот Content Management System (CMS) е дизајн на веб апликации која ви овозможува да се соберат,објават,да ги ревидира и отсрани содржините од еден веб-сајт за да публикуваните содржини бидат точни,релевантни и веродстојни.
Инкорпорирање на вашиот веб-сајт во комерцијални маркетинг пакет отовра нов свет на рекламни можности,вклучувајќи ги истражубањата, маркетингот.
Со модерните веб апликации имаате можност да стигнете до многу бази на податоци и до многу други сајтови.

Повеќе...
 
Content management system-CMS PDF Печати Е-пошта
Напишано од Драгица Витанова   
Недела, 06 Декември 2009 22:16

Content management system или скратено CMS претставува сјајна алатка за променување и дополнување на презентации според потребите. Web презентациите секојдневно стануваат се посложени, а со тоа и самите информации се повеќе и се почесто се додаваат и променуваат. Правилната информација во правилно време е доста значајна како за клиентите на фирмите така и за самите партнери. Без разлика дали се мисли на “обична” презентација, во која се наведени само основните податоци на фирмата, online весници, online продавници или пак други најразлични web-сајтови, CMS претставува сјајна алатка за дополнување и променување на презентациите според своите потреби.
Како всушност функционира овој систем?

Повеќе...
 
Деловен софтвер - успех во бизнисот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Надежда Божинова   
Петок, 04 Декември 2009 16:40

Инвестициите во деловниот софтвер значат инвестиции во иднината. Македонските компании и менаџери често пати се жалат на малиот пазар, високите давачки кон државата,неконкурентност, извозни бариери и слично. А многу малку можат да се слушнат приказни за менаџери кои навистина бараат решенија за надминување на проблемите. Барем оние проблеми кои можат да се надминат. Еден од начините да се надминат некои од воебичаените секојдневни проблеми - недостиг на информации и прегледна слика за кондицијата на една компанија - многу лесно може да се надмине преку инсталирање на добар деловен софтвер или како што поуларно се нарекуваат ERP ( Enterprice Resource Planning ) системи. Тие на една компанија, а посебно на менаџментот му овозможуваат во секое време и преку интернет, од кое било место да имаат детален увид за работењето на компанијата, во трошоците, во протокот на информации, како и во финансиските извештаи. За жал мнпгу наши менаџери сеуште сметаат дека со купување на          " фенси " компјутри, скенери и принтери завршиле со опремување на ИТ - секторот. Софтверот, односно содржината на компјутерите е главната алатка за управување со компанијата, која доколку е добро имплементирана и употребена на вистински начин, овозможува една компанија да порасне, да освои нови пазари, да го зголеми производството, приходите и профитот.Само на тој начин нашите компании ке можат да ги почувствуваат вистинските предности, кои ИТ - решенијата ги носат на бизнисите.

Повеќе...
 
Што е информациона технологија? PDF Печати Е-пошта
Напишано од Милица Стојчева   
Четврток, 03 Декември 2009 19:46

Извадок од:

Современ менаџмент – Gareth R. Jones, Jennifer M. George –Скопје 2008,стр 707,711-712

Информациона технологија е збир на методи или техники за стекнување, организирање, складирање, манипулирање и пренесување на информации. Менаџмент на информациони системи МИС, е специфична форма на информациона технологија, која менџерите ја одбираат и користат за да создадат специфични, детални информации кои им се потребни ефективно да ги извршуваат нивните улоги. Менаџмент информационите системи постојат откога постојат и организациите. Пред ерата на компјутерите, повеќето системи биле базирани на хартија, службениците ги запишувале важните информации во документите во форма на зборови и броеви. Примерок од документот испраќале до надредебите, потрошувачите или добавувачите, а останатите документи се складирале во досиеја, за идната употерба.

Повеќе...
 
Дигитален потпис PDF Печати Е-пошта
Напишано од Сања Сенева   
Недела, 18 Октомври 2009 13:41

Дигитален потпис или дигитална потпис шема е вид на асиметрична
криптографија. За испратените пораки преку несигурен канал, правилно
имплементираниот дигитален потпис дава приемник со верување дека пораката е
пратена од страна на испраќачот. Дигиталните потписи се еквивалентни на
традиционални ракописни потписи во многу погледи.

Повеќе...
 
Дигитални сертификати PDF Печати Е-пошта
Напишано од Сања Сенева   
Недела, 18 Октомври 2009 13:36

Дигиталните сертификати овозможуваат идентификување со помош на
електронски трансакции, слично како со возачка дозвола или пасошот при
интеракција лице в лице. Овој документ не запознава со дигиталните сертификати
и одговара на прашањата кои можеби ги имате околу тоа како тие функционираат.

Повеќе...
 
Информационен систем PDF Печати Е-пошта
Напишано од Сања Сенева   
Петок, 16 Октомври 2009 16:12

Информационен систем е секојa напишанa, електронскa или графичкa методa на комуникациски информации. Основата на информационен систем е делење и обработката на информации и идеи. Компјутерите и телекомуникациската технологија се важни компоненти на Информационен систем.

Повеќе...