|
Дефинирање на Е-трговија и Е-бизнис |
|
|
|
|
Напишано од Кристина Алексоска
|
|
Понеделник, 11 Јануари 2010 19:13 |
|
Поимот е-трговија и е-бизнис често се користи во сличен контекст со терминот интернет маркетинг, но нивниот опсег е сосема различен. Важно е за секоја организиција и нејзиното внатрешно управување со дигиталната технологија да постигне јасно дефинирање во смисла на е-маркетингот, е-трговијата и е-бизнисот, како би ја дефинирала и целта која сака да ја постигне.
Електронската трговија често се мисли дека се однесува само на купување и продавање на производи, со користење на интернет, меѓутоа електронската продажба се однесува на финансиските и информативните електронски патишта со посредство на трансакција помеѓу организацијата и било која трета страна. Од тоа следи дека не-финансиските трансакции како што се влезните е-маил клиенти и прашањата од странство преку е-маил порака, изгледа дека и купувачите се аспекти на е-трговијата кои и помага на организацијата во процесот на истражување на маркетингот.
Кога се разгледува влијанието на е-трговијата на маркетиншките организации, тоа е идентификувано во улогата во која од една страна се продава а од друга се купува производ преку е-трансакција. Продажбата се однесува на трансакција која ја обавуваат клиентите со интернет плаќањето.
Е-трговијата се однесува на трансакцијата со која се бави организацијата за продажбата на производите. Интернет маркетигнот користи директна поддршка за продажба на производите. Таа одговорност ја имаат оперативните функции за набавки во организацијата.
|