|
Добредојдовте, Порталот е-Бизис Проекти (e-biznisi.net) претставува електронска поддршка за преметот е-Бизнис кој што се изучува во третиот семестар во наставните програми по Меѓународна Економија и Финансиски Менаџмент на Економскиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип Основни цели на порталот се: 1. Да ги мотивира и поттикне студентите да креираат сопствени, реални е-бизнис проекти паралелно со изучувањето на наставната содржина по предметот е-Бизнис, со што и практично ќе ги применуваат стекнатите знаења од предавањата и вежбите. 2. Да послужи како платформа за промоција на успешните проекти кои што ќе се креираат од страна на студентите, вклучувајќи го тука и значењето на поставените линкови на e-Biznisi.net кон проектите а кои се вреднувани од Интернет пребарувачите кои пак се еден од најзначајните извори на посетители. 3. Третата и не помалку важна цел на порталот е да послужи како средство преку кое студентите низ интеракција ќе ја изучуваат наставната програма по предметот е-Бизнис а воедно и ќе комуницираат меѓусебно и со предавачите. Доколку одредени проекти се покажат успешни ќе бидат поддржувани и по завршувањето на семестарот, зависно од можностите и политиките на e-biznisi.net. Сите оние, кои што не се студенти, а сметаат дека може да се придружат со сопствени сугестии, идеи, поддршка или пак сопствени е-бизнис проекти се повеќе од добредојдени. Благодариме на вниманието. |