е-Бизнис Проекти

Сакате ваш Интернет бизнис? Немате доволно познавања и искуство? Сепак од некаде мора да почнете. Следете ги насоките и објаснувањата за да креирате ваш е-Бизнис проект. На крајот ќе бидете и самите изненадени и задоволни од она што можете да го научите и да го направите. Пред да започнете, можеби е најдобро да погледнете некои од претходно направените проекти. Не заборавајте, она што ќе го креирате прекуи наведените чекори е во реални услови и доколку имате добра идеја и посветите доволно внимание може и да заработите.

 

Изработката на е-Бизнис проект опфаќа:

  • Избор на тематика (Разработка на е-бизнис идеја)
Примери: Алтернативен туризам во Македонија, Упатства за шминкање, Портал за мотори и морторџии, Локации за скуба дајвинг, Здрава исхрана, Се за ролерки, и сл. (види повеќе)
  • Изработка и поставување на веб сајт (Блог) користејќи ја платформата на Blogger.com . Опции: Joomla CMS, WordPress blog, HTML или слично.
  • Креирање на содржини (статии) на избраната тематика или објавување на постоечки (Article Syndication)
  • Имплементација на Приходен модел – Google AdSense (Опции: Афилијативни линкови Пример: CommissionJunction.Com, Amazon.com и сл.)
  • Промоција на проектот (Интернет Маркетинг План)
  • Објавување на линк (и краток опис) на e-Biznisi.net


Препорачан јазик за изработка на проектите е Англискиот Јазик. Може ад се рабоат прокети и на други јазици како на пример: Германски, Француски, и Италијански. Македонскиот јазик е прифатлив за издржани проекти на долг рок со можност за генерирање на приходи или креирање на перспективен е-бизнис

Чекори и насоки за изработка на Проекта задача:

 

Една проектна задача може да изработуваат до 5 члена

1. Креирање на Блог (веб страна):

- Избор на тема: слободен (Вежба Бр.2) прочитај и статии за Генерирање на идеи

- Креирање на Блог на blogger.com. (Вежба Бр.3) (Опција Joomla)

2. Елементи на блогот:
- приходна програма: Google AdSense (Вежба Бр.8)
- веб статистика: StatCounter (Вежба Бр.6 )
- Излезни линкови и размена (Вежба Бр. 5 ):
Линк кон e-biznis.net (услов за да се објави на порталот)

3. Маркетинг преку виртуелни заедници:
- креирање на страница за фанови/следбеници на Facebook (Вежба бр 11) и Twitter (Вежба бр. 12)
- постови на Digg (Вежба бр 14), Stambleupon и сл.

 

- Додавање на уредници на блог: (Вежби Бр.7 ) (еден член од тимот го креира блогот и ги додава другите членови како уредници за да може и тие да работат на истиот блог)


4. Додавање содржини:

(секој член обајвува текстови на заедничкиот блог со име и презиме)

- Авторски текстови

- Пренесени текстови (Вежби Бр.4)

5. Влезни линкови:
- Креирање на Влезни линкови (Вежба Бр. 10)

Прочитајте ги селдните статии за полесно да креирате влезни линкови:

Линкови на лесен начин.