е-Македонија
e-mkd.png
Примената на електронскиот бизнис и во нашата држава станува се позабележителна. Можеби малиот пазар е ограничувачки фактор за имплементација на е-бизнис решенија во Македонија но токму примената на Информациските и Телекомуникациските технологии, особено Интернетот, го овозможуваат и олеснуваат пристапот на Македонските компании и претприемачи до развиените светски пазари како што се САД и Европската Унија.
Целта на оваа рубрика е македонските компании  во форма на вести да го претстават и презентираат своето е-бизнис работење. Позитивните примери треба да послужат како потстрек и мотив за понатамошниот развој на оваа област и во Македонија.    

Од тие причини ги повикуваме компаниите кои применуваат е-бизнис решенија како и претприемчивите индивидуи кои имаат свои профитно ориентирани веб проекти да се регистрираат и да се вклучат во обогатување на содржината на e-Biznisi.net.
---